РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Неодоливо вкусна варена зелка!

Ќе имате феноменален ручек кој ќе го спои целото семејство со својот вкус.

Зелката е ризница на бројни витамини, кои носат бројни придобивки за нашето здравје. Овој зимски деликатес може да се подготви на многу начини, но секако е незаменлив дел од трпезата во секој дом. Значи, одличен вкус е загарантиран, затоа обидете се да го направите според нашите упатства.

Состојки:

  • 800 гр свежа зелка
  • 800 гр говедско месо
  • 100 гр црвен кромид
  • 100 гр пиперка
  • 200 гр компири
  • 200 гр домати
  • еден грст магдонос
  • 40 гр сол
  • неолку зрна бибер
  • 2 ловорови листови
  • чаша бело вино
  • две или три лажици масло

Подготовка:

Исечете главица свежа зелка на осум парчиња. Исечете го говедското месо на големи коцки и ставете го во соодветно тенџере. Врз месото ставете ја зелката, црвен кромид исечен на коцки, 2 големи пиперки исечкани на коцки, 4 компири исечени на помали парчиња, 2 домати.

Крупно исечкајте еден грст магдонос и додадете сол, бибер, ловоров лист, бело вино и малку масло. Додадете вода за да ги покрие состојките и варете на тивок оган околу два часа. После тоа јадењето е готово и спремно да се послужи.

Уживајте!

error: Содржината е заклучена!