РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Највкусниот ѓувеч на светот!

Вреди да се проба:

Реклама

Време е за вкусен и заситен оброк

Состојки:

  • 1 чаша конзервиран грашок
  • 100-150 гр ориз
  • 3 домати
  • 3 пиперки
  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 коцка супа од зеленчук
  • 4 копани со надкопани

Подготовка:

Месото најпрвин сварете го кратко па пропржете го на тава со малку масло и оставете го на страна, потоа спремете го зеленчукот.

Реклама

Во тенџерето истурете вода (700 ml) и додадете ја коцката за супа. Кога ќе се растопи, тргнете го од шпоретот. Во садот подмачкан со масло истурете ги доматите, грашокот, морковите, пиперката и исечканиот кромид.

Измијте го зеленчукот претходно. Додадете го измиениот ориз и зачините, па добро измешајте. Прелијте со 2/3 од супа од зеленчук и ставете го месото што претходно го подготвивте.

Реклама

Покријте и печете на 220°C околу 35 минути. Потоа извадете го капакот, по потреба додадете уште малку вода или супа, па намалете ја температурата на 180°C и печете уште 10 минути. По желба посипете со сечкан магдонос.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -