Зачинето јадење од пилешко бело месо и сув врат е извонредна порција во посебни прилики – како мезе пред празничен ручек, на роденден или на празнична маса




Состојки:
- 2 поголеми парчиња пилешки гради
- 200 гр чаден сув врат
- 200 гр кисели краставички
- 150 гр тост сирење
- 3 јајца
- 2 дцл павлака
- сенф
- 2-3 чешниња лук
- 4 јајца
- бибер
Подготовка:




Белото месо исечете го на парчиња шницли. Сувиот врат исечен на тенки парчиња. Огноотпорниот сад малку подмачкајте го. Наредете ред бело месо, кисели краставички исечени на ленти и премачкајте со сенф, посипете со сечкан лук.




Преку него наредете го сувиот врат, а преку него растопеното сирење, се убаво покријте со преостанатото бело месо. Изматете ги јајцата и павлаката, посолете и побиберете. Прелијте го врз месото ова.




- Advertisement -
Печете околу еден час на 200 степени. Оставете го добро да се излади неколку часа и потоа исечете го на коцки или правоаголници.




Пријатно!