РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Динстана свинска плешка во тавче со печени компири!

Вреди да се проба:

Компирите и месото од тавата е стар начин на подготовка на ручек кој сме го заборавиле. Вака нашите мајки го подготвуваа ручекот кога подоцна се враќаа од работа.

Состојки:

  • 1 кг свинска плешка
  • 3 големи компири
  • сол
  • бибер
  • масло или маст

Подготовка:

Посолете го месото и ставете го во тава на врело масло да порумени. Внимателно свртете го од едната, потоа од другата страна. Потоа исчистете ги и зачинете ги компирите и исечете ги на парчиња.

- Advertisement -

Додадете ги во топлата маст каде што се готви месото. Намалете ја температурата, па покријте со капак. Одвреме-навреме вртете ги и компирите и месото од едната и од другата страна додека се убаво да порумени. И за кратко време имате брз и вкусен ручек.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!