Реклама
Пробајте некои украсни и интересни јадења.




Состојки:
- 6 половини црвени пиперки
- 250 гр сирење
- 2 јајца
- 2 лажици пропржен сусам
- 2 лажици гриз
- малку лист од магдонос
- малку мелен пипер
- 4 чешниња лук
- 100 гр сечкана шунка
- малку сечкана сланина
Подготовка:




Сирењето се дроби со вилушка и се додаваат јајцата, сусамот, гризот, листот магдонос, мелената пиперка по желба, лукот, сечканата шунка и се се меша.
Реклама




Пиперката исечете ја на половина по должина и наредете ја во намрсена тава. Наредете го полнењето врз пиперката, а одозгора наредете ја ситно сечканата сува сланина. Печете на 220 степени C околу 30 минути. Имате брз и неверојатно вкусен ручек!




Пријатно!