Некогаш беа дел од трпезата на секоја прослава. Руски капи неодоливо слатки.




Состојки:
Кора:
- 200 грама шеќер
- 5 јајца
- 3 – 4 лажици масло
- 12 лажици млеко
- 12 лажици брашно
- 1 лажица какао
- прашок за пециво
Фил:
- 1/2 литар млеко
- 12 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 250 грама маргарин
- кокос
- чоколадо




Подготовка:
Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките до пенливост, а потоа додадете жолчки и шеќер. Во добиената мешавина додадете млеко, масло, какао, брашно и прашок за пециво.
Мешајте за да се изедначи масата, а потоа истурете во претходно подмачкана тава и печете. Печете на 200 степени додека не се подигне тестото и проверете со чачкалица дали треба повеќе печење.




Кога испеченото тесто ќе се олади, извадете кружни форми од него или „капачињата“ со мала чашка или нешто тркалезно кое ви одговара.
За да го подготвите филот, oдделете околу 100 мл од 500 млl млеко и промешајте со брашното. Ставете го преостанатото млеко со шеќер да зоврие, па додадете го изматениот дел и варете уште неколку минути. Оставете да се излади, а потоа комбинирајте го со изматениот маргарин.




Со овој фил, поврзете два капи како сендвичи, а потоа наполнете ги на страните, и страните превртете ги во кокос. Растопете го чоколадото на пара со масло, а потоа внимателно премачкајте го горниот дел од „сендвичот“.




Ставете во фрижидер и оставете чоколадото да се зацврсти, па сервирајте ги колачињата.
Добар апетит!