Во зима секогаш се радуваме не само на празниците туку и на храната што тогаш се јаде. На трпезата е зимница, неприкосновена сарма, подварак или грав. Сигурно не смееме да ја занемариме и руската салата, која е неизбежна при сите прослави.




Сега подгответе сарми како што ги прават Русите, а од нашата се разликува само по тоа како е завиткана. Традиционално сарма се прави така што се филува кисела зелка и се витка. Русите ја подготвуваат така што ја филуваат зелката, па ги поврзуваат краевите навнатре и врзуваат со конец. Нашето се крчка на шпорет, а нивното се пече во рерна.




Пробајте го рускиот рецепт за сарма. Дефинитивно ќе ви се допадне.
Состојки:
- листови од кисела зелка
- 500 гр мелено месо
- 200 гр ориз
- 1 кромид
- сол, бибер, зачинска пиперка, ким, мајчина душица, суви зачини
- 100 ml вода




Подготовка:
Кромидот ситно се сечка и се пржи. Потоа додадете го месото, а по неколку минути и оризот. Зачинете и прелијте со 100 милилитри вода. Оставете да се динста 2 минути.




Во средината на секој лист истурете по една или две лажици полнење, а потоа соберете ги краевите навнатре и врзете со конец.
Наредете ги во плех и прелијте со 300 мл вода. Намачкајте со масло и посипете со зачинска пиперка.




Се пече во загреана рерна на 200°C околу 60 минути. Откако ќе зоврие, покријте со алуминиумска фолија.
Во продолжение погледнете го видеото и начинот на подготовка: