Вкусот на кралски или плетен леб ќе ве воодушеви.




Состојки:
- 1 кг брашно
- 1 квасец
- сол
- малку шеќер
- 2 лажици оцет
- 2 јајца
- 1,5 дл масло
- 1/2 литар млеко
- 1 јајце за обложување




Подготовка:
Измешајте брашно, квасец, јајца, оцет, масло и млеко. Месете го тестото додека не добиете хомогена смеса, а потоа оставете го да отстои 20 минути.




Потоа извадете го тестото од садот и поделете го на 6 дела од кои ќе направите топчиња. Секое топче растегнете го во правоаголна кора и завиткајте го во ролна. Потоа плетете 2 заедно за да добиете 3 плетенки.




- Advertisement -
Поставете го плехот со хартија за печење, а потоа наредете ги плетенките во круг. Кога ќе наредите се, оставете го да отстои еден час, а потоа премачкајте го со јајце. Погачата се пече 15 минути на 250 степени, а потоа уште 20 минути на 200 степени.




Добар апетит!