Направете ја познатата баклава на малку поинаков начин. Сладок десерт за целото семејство. Вкусот е единствен и нема да зажалите.
Состојки:
- 500 гр готови кори за пита
- 250 гр путер (за прскање и подмачкување на тавата)
- 300 гр ореви
- 300 гр лешници
Шербет:
- 1 кг шеќер
- 1100 мл вода
- 20 гр ванилин шеќер
- 50 гр мед
- лимон
Подготовка:
Подмачкајте ја тавата со путер и загрејте ја рерната на 200 степени Ц. Измелете ги ситно оревите и лешниците.
Ставете една кора на работната маса, посипете ја насекаде со стопен путер, а потоа со малку мешавина од ореви и лешници. Користете сукало, свртете ја кората во форма на ролна односно прикачете ја на сукалото и завиткајте а потоа стуткајте ја со прстите и внимателно извлечете ја и ставете ја баклавата во плехот за печење.
Повторете го процесот додека не се потроши целиот материјал. Печете во загреана рерна околу 30-40 минути, додека убаво зарумени.
Шербетот спремајте го така што во водата која ви е спремена истурете шеќер, ванилин шеќер и мед. Ова гответе го околу 10- 15 мин откако ќе зоврие.
Потоа истурете топол прелив врз врелата баклава . Оставете ја баклавата добро да го апсорбира шербетот пред да ја сервирате.Кон крајот, додајте исечен лимон на прстени кој ќе го распоредите одозгора врз баклавата.
Уживајте!