Реклама
Ролат со ајвар е супер идеја за мезе.




Состојки:
Кора:
Реклама
- 5 жолчки
- 5 лажици брашно
- 1 кесичка за пециво
- малку сол
- 200 гр павлака
- 4 полни лажици ајвар
- 5 белки изматени во снег
Фил:
- 200 гр кисела павлака
- 400 гр. фета сирење
- 3 чешниња лук (ситно сецкани)
Подготовка:




Соединете ги жолчките, брашното, прашокот за пециво, солта, 1 павлака, ајварот и на крајот додадете ги изматените белки. Убаво измешајте ја смесата и ставете ја во подмачкан плех. Печете на 200 степени додека не почне да се двои кората. Кога ќе се испече кората извадете ја и свиткајте во ролна па замотајте ја во крпа.
Реклама




Додека се олади ролатот направете го филот. Соединете ги сите состојки и убаво измешајте. Потоа одмотајте ја кората, премачкајте ја со филот и повторно замотајте во ролат. Украсете по желба.
Пријатно!