Реклама
Лесен и ефтин десерт. Не се потребни многу состојки а крајниот резултат ќе ве воодушеви.




Состојки:
Кора:
Реклама
- 250 гр мелени бисквити
- 5 лажици крем од чоколадо или лешник
- Половина банана
- 100 мл млеко
- 5 лажици стопен путер или маргарин (тоа е околу 50 гр)
Полнење:
- 1 кесичка шлаг или 80 гр
- 100 мл ладно млеко
- Една и пол банана
- неколку лажици крем од чоколадо за премачкување




Подготовка:
Во мелените бисквити додадете стопен путер, крем од чоколадо / лешник и млеко и замесете смеса што може лесно да се обликува. Доколку е потребно, можете да ја намалите или зголемите количината на млеко.
Реклама




Пренесете ја смесата на работната површина на која сте поставиле леплива фолија, а потоа разредете ја смесата со сукало.




Изматете го шлагот со млекото и премачкајте го преку смесата за бисквити. Ставете банани во еден агол, и со помош на лепливата фолија, завиткајте го ролатот. Ставете го во фрижидер да се стегне и кога ќе го извадите украсете го со неколку лажици крем одозгора.




Пријатно!