Оваа варијанта на ролат ќе ви стане омилен десерт кој се подготвува брзо.
Состојки:
- 300 гр листови од бадеми
- шеќер во прав по вкус
- 5 белки
- 250 гр шеќер
- 4 дцл слатка павлака
- сезонски (јагоди, праски, кајсии, цреши…) или јужно овошје (ананас, киви, банани
Подготовка:
Ставете мрсна хартија во поголем плех, посипете со шеќер во прав и наредете ги листовите од бадем. Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете малку бадемите да се попечат.
Изматете ги белките од јајце во цврст снег заедно со шеќерот а потоа прелијте ги врз изладените бадеми. Така печете 10 минути, а потоа намалете ја топлината на 160 степени и печете уште десет минути додека белките не пожолтат. Извадете и изладете.
Во меѓувреме, изматете ја павлаката со шеќер во прав по вкус во цврст шлаг и размачкајте врз изладената кора од белки. Одозгора ставете го овошјето по желба, а потоа замотајте ја кората во ролат.
Ролатот задолжително чувајте го во фрижидер. Користете масна хартија за подлога. Ако сакате, можете да го покриете и со глазура од чоколадо.