Розен торта со фил од јаболки – слатко задоволство за секоја пригода…

Вреди да се проба:

Реклама

Додека го готвите овој фил, вашата куќа ќе мириса најубаво. Со ова слатко задоволство ќе имате можност да ја покажете својата креативност. 

Потребни состојки:

  • резен кори Dr. Оetker
  • 1,3 кг јаболки
  • 180 гр шеќер
  • 3 пакетчиња цимет шеќер Dr. Oetker
  • 100 мл цеден сок од јаболко
  • 2 бр. пудинг од ванила
  • 400 мл вода
  • мелени ореви

Излупете ги јаболките, изрендајте ги и малку исцедете го сокот во посебен сад, така што ќе го зачувате за подоцна.

Реклама

Во длабока сад за готвење истурете ги ренданите јаболки, шеќер, цимет-шеќер и 100 ml цеден сок од јаболко. Ставете на оган и оставете да врие додека јаболката не омекне и течноста скоро не испари.

Измешајте 400 мл. вода со 2 бр. пудинг од ванила Dr.Oetker. Потоа истурете ја мешавината во јаболката што се динста, убаво измешајте и варете го филот со постојано мешање. Тргнете го садот од оган и кратко изматете го со миксер. Поделете го филот на 8 дела и веднаш започнете со филување на корите.

Реклама

Редете ги една врз друга со филување на сите резен кори, освен последната. На последната ставете хартија за печење и одозгора рамномерно притиснете ја тортата со потежок предмет. Оставете ја да преноќи во фрижидер.

Следниот ден, филувајте ја одозгора кората со последниот дел од филот и посипете со мелени ореви. Сечете ја на штангли или друга форма по важа желба.

Забелешка: Можете веднаш да ги филувате корите или да почекате да се олади филот на собна температура. Последната кора место фил од јаболка, може да ја филувате само со чоколадна глазура.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -