Римски њоки: Кралски прилог достоен за секоја трпеза!

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе кралско гарнирче што одговара добро и со печење и со зеленчук или крем сос.

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • ½ лажицa сол
  • 250 гр гриз од пченица
  • 150 гр пармезан
  • 2 жолчки
  • 3 лажици путер
  • 1 прстофат пиперка или чили
  • 2 лажици пармезан за посипување

Подготовка:

Истурете го млекото во сад и додадете го солот, загрејте го до вриење.
Кога ќе се појават меурчиња, додадете гриз од пченица, мешајќи околу 20 секунди.
Потоа, намалете го огнот и продолжете со мешање додека не се згусне, а потоа тргнете го од оган.

Реклама

Измешајте путер, рендан пармезан и жолчки, но брзо промешајте за да избегнете згрутчување на жолчките.

Вака варената смеса ставете ја во плиток плех претходно натопен во ладна вода и сето тоа ставете го во фрижидер половина час додека смесата не стане цврста.

Реклама

Со чаша натопена во брашно, исечете ги круговите и ставете ги на плех покриен со хартија за печење. Потоа посипете ги њоките со чили и остатокот од пармезанот и рендан кашкавал по желба. Одозгора ставете парченце путер или маргарин на секоја од њоките.

Печете ги њоките околу 20 минути во рерна загреана на 210 степени целзиусови.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -