Совршен оброк со ориз, и печурки вргани.




Состојки:
- 200 гр ориз
- 150 гр печурки шампињони
- 100 гр печурки вргани
- 1 главица кромид
- 2 лажици масло
- 1/4 лажиче рузмарин
- 1 чешне лук
- 1 дцл бело вино
- сол по вкус
- бибер по вкус




Подготовка:
Исечете го ситно кромидот и ставете го на загреано масло додека не стане стаклест. Додадете го оризот и оставете да се пропржи уште неколку минути со постојано мешање. Истурете го белото вино и продолжете да крчкате мешајќи додека не испари виното, а потоа додадете малку вода додека оризот не биде готов.




Одделно, на малку масло, испржете ги исечените шампињони и печурки вргани со сецкан рузмарин и ситно сецкан лук. Додадете бибер по вкус, добро измешајте и оставете да изврие целата вода што ја ослободуваат печурките.




Комбинирајте го оризот со подготвените печурки и додавајќи вода, продолжете да го крчкате рижотото додека не заврши оризот. Зачинете го рижото со печурки со сол и бибер по вкус, измешајте добро и послужете.




Добар апетит!