Доколку не сте пробале до сега, еве го најдобриот рецепт за рибја чорба.




Состојки:
- 800 гр речна риба
- 2 моркови
- 1 грст магдонос
- 1 корен од целер
- 1 компир
- 2 главици кромид
- 200 мл варени домати или томатело
- 2 ловорови лисја
- 3-4 зрна црн пипер
- 2 лажици масло
- сол, сув зачин од билки
- мелен црн пипер
- 1 лажичка црвен пипер




Подготовка:
Излупете го целиот зеленчук, исечкајте, истурете вода да впие и варете околу 15 минути да омекне зеленчукот, па изблендирајте ја смесата потоа.
- Advertisement -




Така добиената каша ќе ја даде густината на супата. Истурете околу еден литар вода во кашата, додадете варени домати, две лажици масло, зачини, ловоров лист и бибер и оставете да зоврие.




Рибата исчистете ја од коски и отпадоци, убаво измијте ја и потоа додадете ја во чорбата. Гответе околу 30 минути на средна топлина. И вашата чорба е готова.




Добар апетит!