Ова тесто се нарекува “лудо тесто“, тоа се чува во пластична ќеса, а нараснуува до толку што може да излезе од неа. Ако се случи тоа само преполовете го тестото и префрлете го едниот дел во друга пластична ќеса.
Не е потребно да чекате да нарасне ова лудо тесто, доволно е само да ја отворите вратата на фрижидерот и според вашата моментална инспирација да земете тесто за пица, мекици, кифлички или крофни…
Некои домаќинки советуваат дека откако ќе го извадите тестото од фрижидер треба да остане 10 минути на собна температура. Рацете претходно треб да бидат намаслени со масло бидејќи тестото е лепливо. Во текот на месење на тестото работната површина треба да биде набрашнета со брашно.
Состојки:
- 500 гр. меко брашно
- 500 гр. остро брашно
- 400 мл. млеко
- 1 свеж квасец
- 1 јогурт
- 2 јајца
- 1 прашок за пециво
- 1-2 лажички сол
*Ако ппланирате од тестото да правите слатки пецива, солта слободно заменете ја со шеќер.
Подготовка:
Во млако млеко додадете го квасецот (раскршен на парчиња) и оставете да се активира.
На работната маса ставете малку брашно помешано со прашок за пециво, а во средина додадете ги останатите состојки и замесете тесто. По потреба додавајте уште брашно или млеко така што тестото да остане меко.
Земете чиста пластична ќеса и добро намаслете ја внатрешноста од ќесата. Ставете го тестото во неа, истиснете го вишокот воздух, заврзете и ставете ја во фрижидер.
Тестото може да го чувате до седум дена. Вадете од тестото по потреба.