Рецепт кој ги враќа спомените од детството – Вака нашите баби правеа ПРОЈА!

Вреди да се проба:

Реклама

Во неколку едноставни чекори почестете го вашето семејство со вкусно уживање. Стариот домаќински вкус на бабината проја.

Кој не сака вистинска домашна проја која има тесто полно со меурчиња.

Реклама

Состојки:

  • 500 гр пченкарно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 450-500 ml газирана вода
  • 50 мл масло

Подготовка:

Во длабок сад за матење се додаваат пченкарното брашно, сол и прашокот за пециво. Сите состојки се мешаат за да се распоредат рамномерно.

Постепено додавајте газирана вода и мешајте континуирано со лажица. Водата се додава постепено по 100 милилитри.

Реклама

На крај додадете го маслото и лесно замесете тесто.

Смесата мора да биде компактна и да не се одвојува при мешањето.

Садот за печење обложете го со хартија за печење. Истурете ја смесата и рамномерно распоредете ја.

- Advertisement -

Со лажица која ја потопуваме во кисела вода, одозгора израмнете ја пројата за да се добие мазна површина.

Коцките се обележуваат со нож, за на крајот полесно да се скршат!

Сето ова се става во веќе загреана рерна на 200 степени и се пече околу 35-45 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -