Ви подготвивме еден прекрасен рецепт за највкусните домашни кроасани. За убав појадок или како закуска со кафе. Толку се прекрасни и меки што сите ќе ги обожаваат.




Потребно е:
- 600 гр брашно
- 1 коцка свеж квасец или 1 кесичка сув
- 200 мл јогурт
- 200 мл млеко
- малку сол
- 1 лажиче шеќер
- 100 гр растопен путер
- по желба бел или црн сусам




Подготовка:
Во еден сад помешајте ги брашното и сувиот квасец, 1 лажиче шеќер и млако млеко (ако користите свеж квасец прво растопете го квасецот во малку млако млеко, додадете 1 лажиче шеќер и 1 лажиче брашно и оставете го на топло да стаса).




Во горната смеса додадете ги јогуртот и млекото и замесете меко тесто. Акто тестото е многу лепливо додадете уште малку брашно.
Тестото поделете го на 8 топчиња и оставете ги да се одморат 5-10 минути.




Потоа првото топче расукајте го на работна површина со големина колку чинија и премачкајте го со растопениот путер. Истото направете го со другите топчиња тесто. Вака добиените кори наредете ги една, но последната кора не ја премачкувајте со путер. Оставете да стои 15-тина минути.
Сега горните кори ставете ги на набрашнета работна површина и расукајте ги во еден голем круг.




Исечете го на 8 триаголници. Секој триаголник замотајте го како кифличка. Кифличките наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Оставете ги во тавата да стасаат 1,5 до 2 часа.




Потоа премачкајте ги со разматено јајце и посипете ги со бел или црн сусам. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека не поруменат.
Оставете ги да се изладат и послужете ги.