Рецепт за ѓозлеме со сирење и спанаќ: Вкусно турско јадење кое мора да го пробате!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Мек и воздушен, ќе ги освои сите ваши сетила.

Гозлемето е нешто помеѓу палачинки и пица, а многумина велат дека тоа е на некој начин турски леб. Како и да ги наречете, едно е сигурно, на крцкавиот изглед и вкусниот фил речиси никој не може да одолее. Гозлемето може да се подготви со мелено месо, компири…, а Турците најчесто го подготвуваат со сирење и спанаќ.

Затоа, ви пренесуваме рецепт за ѓозлеме чија комбинација на вкусови ќе ги освои сите ваши сетила.

Состојки за тесто:

  • 500 гр брашно
  • 1 кесичка квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажички масло
  • 300 мл млака вода
- Advertisement -

Состојки за филот:

  • 300 гр спанаќ
  • 1 страк праз
  • 300  гр иситнето сирење
  • 2 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • зачин по вкус
  • 1 лажичка лук во прав

Подготовка:

Квасецот и шеќерот измешајте ги со малку топла вода и оставете 10 минути да се активира квасецот. Во длабок сад измешајте ги брашното, солта, маслото, водата, па додадете го квасецот и замесете мазно тесто. Оставете 15 минути тестото да нарасне.

На работната површина посипете малку брашно, па тестото поделете го на шест кори. Покријте ги и оставете ги да отстојат еден час. Во меѓувреме, подгответе го филот.

Спанаќот избланширајте го во поголема количина вода во која ќе посолете, па процедете го. Празот ситно исечкајте го, па измешајте го со спанаќот, сирењето и додадете лук и зачини по вкус.

Ставете ги корите една по една на работната површина и расукајте ги во што потенок круг. Поставете го филот во средината на кругот и рамномерно распоредете го. Преклопете го тестото од сите четири страни.

На средно загреана тава истурете малку масло, па врз него пржете ги лепчињата пет минути од едната, па пет минути од другата страна. Гозлемето послужете го топло.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!