Сендвич кој се подготвува многу брзо.
Состојки:
- 4 виршли
- 100 гр сланина
- 2 домати
- сол
- оригано
- 4 лебчиња за хот дог
- мајонез по желба
- зелена салата
- сенф по желба
Подготовка:
Замотајте ги колбасите во сланина и заедно со прстените од домати, ставете ги во плех за печење и печете на 200 ц – 25-30 минути. Додадете сол на доматите и додадете малку оригано.
- Advertisement -
Исечете ги лебчињата на половина, намачкајте мајонез , додадете домат, неколку лисја од зелена салата. Потоа ставете ги виршлите во сланината, и додадете го сенфот по желба.
Добар апетит!