Ова е совршен оброк за вас и вашето семејство. Подгответе вариво од слатка зелка и уживајте во вкусот.
Состојки:
- половина главица зелка,
- морков,
- 100 мл сок од домати,
- вода,
- сол,
- брашно,
- црвен пипер (алева)




Подготовка:
Половина од зелката исечете ја на ситни парчиња, додадете ситно сечкан морков, додадете сол и вода и варете околу 40 минути или додека зелката не омекне.




Пред крајот на готвењето, истурете сок од домати.
- Advertisement -
Кога ќе зоврие варивото, во мала шолја, истурете една лажица брашно, малку пипер и измешајте малку вода, а потоа прелијте ја зелката со постојано мешање.




Оставете да се готви на оган уште неколку минути.
Добар апетит!



