Богатиот вкус и совршената арома го прават ова јадење совршено!




Пилавот е старо јадење кое потекнува од блискоисточната кујна, а нашите домаќинки направија вистински специјалитет со мали измени во рецептот. При самата помисла на сочен ориз со месо, повеќето луѓе добиваат вода во устата, бидејќи речиси ништо не може да ја победи оваа комбинација на вкусови.




Но, бидејќи постот е во тек, ние ви подготвивме рецепт за посната верзија на ова јадење. Буковката ќе биде одлична замена за пилешкото. Ова јадење не само што ќе ве засити, туку и ќе ви ја обезбеди потребната енергија.
Состојки:
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 моркови
- 400 ге буковка печурка
- 1 шолја ориз
- сол, бибер
- магдонос
- зачини по вкус
Подготовка:




Загрејте ја тавата, па додадете малку масло, а потоа црниот ситно исечкан кромид. Така пропжете го три минути.




Морковот и лукот и буковката исецкајте ги ситно на листови, па додајте ги во тавата. Пржете пет минути и додадете зачини. Оризот се мие во две води, па се додава во тавата.




Зеленчукот прелијте го со вода да се впие и варете уште пет минути. Префрлете го сето тоа во претходно намачкан плех и печете во рерна на 200 степени 45 минути.




Извадете го пилафот од рерна и украсете го со свеж магдонос, а потоа послужете го со омилената сезонска салата.
Пријатно!