Рецепт за најубавите домашни КРОАСАНИ – БЕЗ МЕСЕЊЕ, со тупкање до совршено меко и нежно тесто!

Вреди да се проба:

Реклама

Доколку сте од оние кои не се многу умешни во месењето тесто тогаш не грижете се, овој рецепт е токму за вас, само следете ги внимателно упатствата и ќе успеете.

Состојки:

Реклама
  • 750 гр. брашно
  • 250 гр. маргарин
  • 40 гр. свеж квасец
  • 300 мл. млеко (топло)
  • 4 лажици кисело млеко
  • 4 лажици масло за готвење
  • 1 јајце
  • 4 лажици шеќер (50 гр.)
  • 1 лажица сол (25 гр.)

Подготовка:

Маргаринот поделете го на 8 еднакви делови и оставете го на собна температура. Во топлото млеко додајте малку шеќер, брашно па додадете го квасецот и оставете на топло да стаса.

Сите состојки освен брашното ставете ги во длабок сад за месење, промешајте ги со дрвена лажица, па почнете малку по малку да додавате од брашното. Се додека можете мешајте со дрвена лажица, а потоа замесете го тестото со рака.

Реклама

Од моментот кога ќе замесите убаво хомогено тесто кое не се лепи по прстите, месете уште 10-15 минути.

Доколку не сте умешни во месењето може да го удирате тестото од садот околу 30-40 пати, на тој начин тоа станува меко и нежно и сосема е различно од претходно.

Покријте го садот и оставете го тестото околу 1 час да стаса.

- Advertisement -

Тестото поделете го на 2 дела, а секој дел уште на 5 еднакви топчиња. Од секој дел размесете кора со пречник околу 20-тина сантиметри.

Осум кори премачкајте ги со маргарин, две оставете ги непремачкани. На две места наредете ги една врз друга, по 4 премачкани корички, а одозгора ставете ја петтата непремачкана. На две рамни чинии поставете ги наредените кори и оставете ги во фрижидер 10-20 минути.

Превртете ги купчињата со наредени кори на работната површина, притиснете ги и расукајте колку што можете потенка кора (со пречник околу 50см).

Исечете го тестото на триаголници, замотајте од нив кроасани, поставете ги на премачкатавата за печење, прекријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат околу 40-тина минути.

За тоа време загрејте ја рерната на 220 степени. Кога ќе го поставите тавчето во рерната веднаш намалете ја температурата на 200 степени, печете така десетина минути, па повторно намалете ја температурата, сега на 160-180 степени.

Вкупното време за печење треба да е 20 минути и за тоа време 2 пати премачкајте ги со засолена вода.

Доколку не сакате да бидат препечени, прекријте ја тавата одозгора со хартија за печење.

По печењето уште еднаш премачкајте ги со солена вода и доколку не сакате да бидат крцкави, прекријте ги одозгора со хартијата за печење и крпа.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -