Реклама
Замесете тесто и направете ги сите можни печива што ги сакате.




Состојки:
- 1 коцка свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 250 мл млеко
- 1 кг обично брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 2 јајца
- 400 мл јогурт
- 50 мл сончогледово масло
Подготовка:




Во сад издробете го квасецот, додадете шеќер и прелијте со топло млеко. Оставете да се подигне, ќе ви требаат околу 10 минути. Измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете сол, јогурт, масло, јајца и квасец.
Реклама




Замесете мазно тесто. Оставете да отстои покриено со чиста кујнска крпа на топло место околу 45 минути. Потоа размесете го и обликувајте го пецивото по желба, филувајте и оставете да нарасне уште половина час.




Печете на 190 степени околу 25 минути (во зависност од големината и дебелината на тестото). Уживајте во слатките и солени колачи по ваш вкус, со највкусното тесто досега!
Реклама




Пријатно!