Го намалува стресот, го подобрува расположението, го храни телото и носи енергија – мора да го пробате овој одличен рецепт!




Дали сте често под стрес, имате потешкотии во концентрацијата или немате доволно енергија? Овој здрав еликсир може да помогне да се намали стресот и да се добие здрава доза на енергија секое утро!




Главната состојка на овој пијалок е бананата, овошје кое е богато со аминокиселина наречена триптофан и витамин Б6, хранливи состојки кои го стимулираат лачењето на серотонин, хормонот на среќата кој ни помага полесно да се справиме со стресот. Исто така, бананите се богати со калиум – минерал кој го зачувува здравјето на срцето, испраќа кислород до мозокот и го регулира нивото на течности во организмот.




Состојки:
- 2 зрели банани
- 1 чаша зрело манго, сецкано
- 1 чаша кокосова вода
- 3 урми
- 1 стебленце целер, сецкано




Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете мазна течна смеса.
Овој пијалок освен што е добар во борбата против стресот и богат со витамини и минерали, има и пријатен сладок вкус.




Уживајте во чаша смути против стрес секое утро!
Пријатно!