Ви приложуваме рецепт за домашна ореовка. Рецепт од нашите баби за лек против реума а освен тоа и за тироидна жлезда, проблеми со желудникот, подобрување на расположението, анемија, забрзување на метаболизмот,бронхитис…
Состојки:
- 12 парчиња зелени ореви
- 250 гр шеќер
- 2-3 зрна печено кафе
- 2 стапчиња цимет
- 1 стапче ванила
- кора од еден лимон
- 1 литар домашна ракија
Подготовка:
Засечете ги зелените ореви, ставете ги во стаклена тегла и додадете ги сите други состојки. Држете го на сонце 40 дена, потоа процедете го и истурете го во стаклени шишиња.
Дополнителни совети:
Некогаш старите не ставале, цимет, ванила, лимон и кафе во рецептот така да овие состојки можете да ги примените по ваш вкус.
Старите познавачи советуваат дека колку подолго стои на сонце, толку подобро.
Ако не е доволно благо, последователно можете да подготвите шеќерен сируп (варете половина килограм шеќер во половина литар вода) и додадете го ладен во ореовката.
Ако преферирате помалку ароматична ореовка, прободете ги зелените ореви на неколку места наместо да ги исечете.