Овој дресинг ќе ги воодушеви дури и пребирливите. Тешко е да се замисли каков било ручек без салата, особено кога станува збор за убаво време, за време на кое има најголем избор на зеленчук и овошје на пазарите.




Сепак, предлагаме наместо наведените класични додатоци, овојпат да направите домашен дресинг со мед. Комбинацијата на слатко и кисело, и малку зачинето, одговара совршено со секоја салата.
Состојки:
- 80 мл маслиново масло
- 30 мл јаболков оцет или балсамичен оцет
- 2 лажички сенф
- 3 лажички мед
- свеж магдонос
- малку сецкани ореви
- кора од 1 лимон
- сол, бибер и други зачини по желба (чили, оригано, босилек, копра)




Подготовка:
Во подлабок сад добро комбинирајте масло, оцет, сенф и мед, а потоа додадете свеж ситно сецкан магдонос, сецкани ореви и зачини (сол, бибер, …).




Изрендајте малку кора од лимон, и додајте ја во преливот. Откако добро ќе измешате, оставете го преливот да отстои во фрижидер 20-тина минути, а потоа прелијте го врз салатата.




Овој прелив одговара добро со секој зеленчук, а најдобро ќе одговара со мешавина од зелена салата. Можете да додадете шери домати, сецкани пиперки, краставици, ротквици и моркови или кој било друг зеленчук што го сакате во мешавината на зелена салата.




Добар апетит!