Рецепт за вкусен леб со магдонос и лук: Се подготвува неверојатно брзо и лесно!

Вреди да се проба:

Брзо и лесно – Направете свој индиски леб со лук и магдонос.

Ако сте љубител на индиската кујна, овој ароматичен леб целосно ќе ви се допадне. Се подготвува исклучително брзо и лесно, а тајната е во комбинацијата на крцкаво и воздушно тесто, како и избрани зачини.

- Advertisement -

Овој индиски леб се нарекува наан, и совршено одговара со јадења од зеленчук, супи и чорби, намази, месо или риба.

Состојки:

  • 500 гр пченично брашно
  • 7 гр инстант квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 10 гр сол
  • 150 гр несолен путер
  • 175 гр јогурт
  • 175 мл млака вода
  • 3 чешниња лук
  • магдонос

Подготовка:

Истурете пченично брашно, квасец, шеќер, сол, 50 гр стопен путер, јогурт и половина чаша вода во сад и мешајте со лажица околу 10 минути додека не се соединат. тестото треба да биде лепливо, но ако стане премногу лепливо додадете малку повеќе брашно.

Покријте го садот со тестото со фолија и оставете го да отстои 1 час. Кога тестото ќе нарасне, посипете брашно на работната плоча во кујната и ставете го тестото врз неа. Тестото добро измесете го со рацете и поделете го на 8 дела и превртете го секој дел во овална форма со дебелина од околу 1 см.

Загрејте ја рерната на 250 степени Целзиусови. Стопете 100 гр путер и измешајте го со сецкан лук и магдонос, а потоа посипете ги сите 8 парчиња кои ги направивте.

Поставете плех со хартија за печење, а потоа печете го лебот околу 10 минути додека не порумени, а потоа повторно премачкајте го со путер и лук и вратете го во рерна уште 5 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!