Рецепт за вкусен КОКОС КОЛАЧ кој не се пече: Лесно се спрема а вкусот е ароматичен!

Вреди да се проба:

Реклама

Вкусен кокос колач што лесно можете да го направите! Ако сте љубител на кокос, пробајте го овој рецепт!

Состојки:

За црн дел:

Реклама
  • 250гр мелен интегрален бисквит
  • 100гр лешници
  • 100 гр кафеав шеќер
  • 1 лажица рум
  • 1 лажица какао
  • 14 лажици црно кафе
  • 100 гр растопено темно чоколадо

За бел дел:

  • 200 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 50 гр кокосово брашно
  • 3 лажици рум

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки за црната маса и поделете ги на два дела. Ставете еден дел на фолијата долга 25 на 20 цм, покријте со фолија па расукајте малку со сукало за да добиете дел како кора.

Реклама

Изматете путер, шеќер во прав, кокос и рум. Поделете се на два дела и премачкајте еден дел над црниот дел. Завиткајте во ролна и посипете со кокос одозгора. Направете го истото со остатокот од смесата. Оставете во фрижидер да се стврдне, преку ноќта.

Исечете на парчиња со дебелина на мал прст.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -