Овој домашен сладолед е лесен и брз за подготовка. Ова е еден од наједноставните рецепти за вкусен домашен сладолед.




Состојки:
- 300 грама бело чоколадо
- 600 мл слатка павлака
- 500 грама сирење маскарпоне




Подготовка:
Скршете бело чоколадо во еден сад и прелијте го со 300 мл слатка павлака. Потоа ставете да се растопи на пареа или во микробранова печка и оставете да се излади.




Во друг сад истурете сирење маскарпоне и останатите 300 мл слатка павлака, па додадете го подготвеното бело чоколадо.




- Advertisement -
Измешајте ги сите состојки со миксер неколку минути додека не се соединат убаво.
Истурете ја добиената мешавина за домашен сладолед во пластичен сад, и оставете ја во замрзнувач да се олади и зацврсти неколку часа.




Уживајте!