Важно во оваа подготовка на компири е да имате добра тава, која не лепи, тефлон или керамика.




Состојки:
- 1 кг компири
- 1 лажица сув зачин
- малку сол
- малку црвена, мелена пиперка
- лист од магдонос
- 100 мл масло




Подготовка:
Излупете го компирот и исечете го на големи коцки. Ставете во вода и на оган. Гответе 10 минути, а потоа тргнете го од оган. Компирите треба да бидат скоро зготвени, за да се пржат на масло, внимавајте да не ги преварите.




Исцедете ги компирите и загрејте го маслото во тавата додека исцедите. Ставете ги компирите во тавата и протресете ја тавата за да ги раширите компирите насекаде и оставете да се пржат.




Повремено протресете ја тавата, како кога ги вртите палачинките за да ги превртите компирите, ако не можете така свртите ги со шпатула. Повторете уште 2 пати. Кон крајот посипете сув зачин, малку сол и бибер и на крај лист од магдонос. Послужете топло.




Добар апетит!