Можете да ги јадете и за појадок и за вечера, совршени се.
Состојки:
- 1 јајце
- 1 чаша јогурт
- 14 еднакви лажици брашно
- малку сол
- малку шеќер
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- по потреба масло за пржење
Подготовка:
Изматете го јајцето со жица, додадете јогурт, шеќер и сол, и на крај измешајте го брашното со прашок за пециво. Добро измешајте, масата треба да биде мека. Можете да го оставите тестото да отстои 10-15 минути и потоа пржете ги крофните.
- Advertisement -
Истурете масло во дебелина од два прста и загрејте го. Маслото треба добро да се загрее, па натопете лажица во него со која ќе ги извадите мекиците.
Фатете ја масата со лажица и спуштете ја во загреаното масло. Пржете ги мекиците додека не зацрвенат од двете страни, што е брзо. Извадете ги и ставете ги во сад обложен со хартија.
Пржените мекици изладете ги малку и послужете ги со јогурт или кисело млеко, како и со џем и шеќер во прав.
Пријатно!