Не ви треба посебно кулинарско искуство за подготовка, важно е да имате волја.




Состојки:
За тестото:
- 500 гр брашно
- 15 гр свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 50 мл млако млеко
- 50 мл масло
- 100 мл млака вода
- 50 мл стопен путер/ маргарин
- 1 јајце
За фил:
- 70 гр урда
- исецкани 3 лисја блитва
- исечен млад кромид и лук




Подготовка:
Измешајте млеко, квасец, 2 лажици брашно и шеќер и оставете го квасецот да се активира. Потоа додадете ги другите состојки и замесете мазна смеса. На крај додадете го брашното. Убаво замесете го тестото и оставете да одмори околу половина час, покриено, а потоа поделете го на шест дела.




Филот ќе го подготвите така што ќе ги искомбинирате состојките за полнење и готово е.
Тестото односно секое топче развлечете го во квадратна форма. Како што е развлечено на средината на кората направете неколку засеци со нож до половина на кората, а другата половина не ја допирајте. Потоа покријте ја засечената страна со неисечената страна од тестото и ставете лажичка од фил каде што не е исечено. Потоа преклопете така што ќе направите триаголник.




Ставете го во подмачкана тава, покријте го и оставете го да отстои околу 15 минути. Премачкајте со жолчка и посипете семе од сусам околу рабовите по желба. Печете во загреана рерна на 180 ° C околу 30-35 минути.
Добар апетит!