Пудинг од лимон: За непланирани гости!

Вреди да се проба:

Одличен предлог за вкусен десерт во секое време. 

Состојки:

  • 4 лимони
  • 2,5 чаши шеќер
  • 3,5 чаши слатка павлака

Начин на подготовка:

- Advertisement -

Во тенџере изрендајте ја кората од лимон, додадете го шеќерот и варете на тивок оган дваесетина минути.

Отстранете ја кората и истурете три чаши слатка павлака во сирупот, а потоа варете на тивок оган десет минути.

Додадете сок од четири лимони, измешајте, оставете малку да се излади, па прелијте во чаши за сервирање. Оладете го пудингот во фрижидер најмалку пет часа, а потоа украсете го со преостанатата убаво изматена слатка павлака.

На крајот посипете варена кора од лимон измешана со шеќер.

Пријатен апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!