Неодолив чоколаден крем од лешник кој, кога ќе го видите, зборот „диета“ ви станува сосема непознат.
Состојки:
- Advertisement -
- 100 г лешници, без лушпа и тостирани во рерна
- 50 г квалитетно црно чоколадо со 70% какао маса
- 50 г млечно чоколадо
- 1 лажица какао
- 1/2 стапче ванила (може и 1 лажичка екстракт од ванила)
- 1 лажица масло за јадење
Подготовка:
Лешниците ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Земете едно тенџере, наполнете го со вода и оставете водата да зоврие. Над него ставете сад и на пареа стопете ги чоколадите.
Кога ќе се стопат чоколадите, додадете ги какаото и ванилата. Мешајте додека не добиете убава хомогена смеса. Потоа во истата смеса додадете ги изблендираните лешници.
Ставете го маслото и мешајте, сè додека да се поврзе смесата. Кремот претурете го во стерилизирана тегличка и оставете го еден ден во фрижидер да се стегне.
Уживајте!