Овој декоративен венец од свежо и меко пециво, ќе ги нахрани и воодушеви вашите гости. Со својот изглед а и вкус дефинитивно ќе ја подигне привлечноста на вашата трпеза.




Состојки:
За сосот:
- 150 гр пушена сланина
- 200 гр млад спанаќ
- 250 гр крем сирење
- 150 гр павлака
- 120 гр моцарела
- 70 гр пармезан
- Мелено чили
- Бибер




За тесто:
- 1 кг бело брашно
- 400 мл млеко
- 1 коцка свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 200 мл јогурт
- 2 јајца
- 100 мл масло
- 1 прашок за пециво
- 1 лажица сол
- Путер за премачкување




Подготовка:
Загрејте го млекото така што да биде млако, а потоа додадете шеќер и растопете го квасецот. Почекајте 10-тина минути додека квасецот се активира.




Во брашното додадете прашок за пециво и сол и измешајте. Потоа истурете, јогурт, јајца и масло и прелијте со млеко измешано со квасец. Замесете мазно тесто. Тестото треба да биде глатко и само малку лепливо. Доколку е потребно, додадете повеќе брашно или млеко.
Потоа поместете го тестото во подмачкана чинија или обична пластична ќеса (исто така, намаснета внатре) и чувајте го во фрижидер, ќе нарасте и таму. Така може да стои најмалку четири дена, и можете да откинувате онолку колку што ви треба секој ден.




Од оваа количина се добива околу 1750 гр тесто, а во рецептот се користи 750 гр кои треба да се поделат на 14 топчиња (помеѓу 50 и 55 гр.).
Ставете сад со дијаметар (од околу 14 см) наопаку во центарот на садот за печење со дијаметар од 28 см (или тава што може да се смести во рерната). Премачкајте го садот со масло. Потоа наредете ги топчињата околу садот, оставете ги малку да се допираат, покријте ги со крпа и оставете ги малку да нараснат.




Во меѓувреме, подгответе го сосот. Исечете ја сланината на коцки и пржете ги во тава. Сварете го младиот спанаќ кратко и исечкајте го.
Во сад измешајте ги крем сирењето, павлаката, ренданата моцарела и ренданиот пармезан. Додадете сланина и спанаќ и додадете мелено чили и бибер.




Извадете го садот од оформените топчиња тесто и ставете ја смесата со сирењето, сланината и спанаќот на истото место. Топчињата премачкајте ги со стопен путер. Посипете со чили и рендан пармезан по желба.




Печете во рерна на 180 степени Целзиусови околу 25 минути, со вклучен вентилатор. Доколку вашата рерна нема вентилатор, подигнете ја температурата на 200 степени Целзиусови и продолжете го времето за печење доколку е потребно.
Тестото треба да добие убава жолта боја и сосот да се стопи.
Послужете го венецот додека е топол и јадете со потопување на тестото во сосот.




Добар апетит!