Oдличен рецепт за појадок или вечера!




Состојки:
- 600 гр. царевично брашно
- 200 гр. пченично брашно
- 1 пециво
- 5 јајца
- 6 варени јајца
- 300 гр. пченка (шеќерна)
- 300 гр. грашок
- 300 гр. сирење
- 5 дл. газирана вода
- сол по вкус




Начин на подготовка:
Истурете ги двата вида брашно, прашок за пециво, кисела вода, пет свежи јајца, сирење, сол, зеленчук што претходно добро сварен и добро прецеден од вишокот вода во садот, па замесете го тестото. Истурете половина сантиметар тесто во намастена тава.




Ставете го во загреана рерна на 180 степени да се потпече малку.
- Advertisement -
Извадете ја тавата од рерна, наредете ги претходно сварените јајца. Потоа прелијте го одозгора со остатокот од тестото.




Печете околу 40 минути на 180 степени.
Добар апетит!



