Професионални готвачи ја открија тајната: Зошто во меленото МЕСО треба да се додаде СОДА БИКАРБОНА?

Вреди да се проба:

Реклама

Сода бикарбоната има многу широка примена во домаќинството. Иако подготовката на јадења од мелено месо изгледа едноставно, потребно е да се подготви на вистински начин, за да изгледа убаво, како и да има најдобар вкус.

За успешна подготовка на мелено месо, професионалните готвачи користат сода бикарбона. Ако на меленото месо додадете сода бикарбона, тоа ќе остане меко, а притоа ќе добие убава боја при готвењето и нема да испушта многу вода.

Реклама

Искусни готвачи тврдат дека е доволно да се раствори прстофат сода бикарбона во малку вода, а потоа да се измеша во сурово мелено месо и да се остави да отстои најмалку 15 минути (но не повеќе од 45 минути) пред да се готви.

Трикот е во едноставната хемиска реакција. Сода бикарбоната ја подига pH вредноста на месото и на тој начин го спречува врзувањето на протеините во месото. Благодарение на тоа, не се ослободува вишок вода.

Реклама

На тој начин месото ќе има убава боја, а исто така нема да има гумен вкус, што понекогаш може да се појави по долго варење.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -