Салатата во оваа комбинација содржи доволна количина на хранливи материи за да ви помогне да го поминете работниот ден.




Состојки:
- 75 гр киноа
- 200 гр варено пилешко месо
- 1 голем домат
- 1 краставица
- 2 млади кромидчиња
- 100 гр слатка пченка
- 2 јајца
- 50 грама младо сирење
- маслиново масло
- сок од лимон
- сол, бибер, свеж босилек
- мајонез и сенф (по вкус)




Подготовка:
Згответе го пилешкото. Кога месото е готово, оставете го да се излади.




Зовријте вода за киноа – 3 пати повеќе вода од количината на киноа (пред да ја ставите да се готви, исплакнете ја под млаз топла вода). Кога водата врие, додадете ја киноата, додадете малку сол и варете околу 20 минути на тивок оган.




Во друг сад, варете тврдо варени јајца. Додека се готви киноата и јајцата, измијте го и исечкајте го зеленчукот и месото во коцки и прстени и ставете се во една голема чинија.




Кога ќе се свари киноата, исцедете ја и пренесете ја во голема чинија. Исчистете ги јајцата и исечете ги на коцки и ставете ги во сад. Додадете пченка над се и посипете со сирење. Зачинете по вкус и добро промешајте.
Добар апетит!