Ви пренесуваме едноставен рецепт за салата со праз.




Празот е исклучително здрав зеленчук, кој одлично се комбинира со различни намирници. Сепак, најдобро е да се консумира свеж. Започнува сезоната на овој зеленчук, а неговите нутритивни вредности и лековити својства се вистинската причина за што повеќе да се вклучи во исхраната. Оваа салата се прави брзо и е многу едноставна, а е вистинска гозба за непцето.




Состојки:
- 2 страка праз
- 200 гр фета сирење
- 1 чаша кисела павлака
- малку оригано
- малку зачин
- малку босилек
- сол, бибер
Подготовка:




Белиот дел од празот исечкајте го на тенки прстени. Со вилушка или миксер изматете го фета сирењето и додадете ја павлаката, па сè заедно измешајте. Во празот додадете ги сирењето и павлаката, па зачинете со копар, оригано, босилек, сол и бибер.




Измешајте сè за да добиете компактна маса. Ставете ја салатата во фрижидер да се излади пред да ја послужите. Пред сервирање посипете со ситно сечкан магдонос. Добро оди како прилог со многу видови месо.
Пријатно!