Пролетен ручек со тиквички: Лесен ручек за топли денови!

Вреди да се проба:

Реклама

Лесен и вкусен ручек за целото семејство. Друга предност е што брзо се подготвува.

Состојки:

  • околу 800 гр компири
  • 500 гр тиквички
  • 1 средна главица кромид
  • 100 гр пушена сланина на листови
  • 4 јајца
  • 180 гр Кисела павлака
  • околу 100 гр кашкавал
  • масло
  • сол, бибер

Подготовка:

Излупете ги тиквичките, изрендајте ги и посолете, па оставете така да отстојат додека не се подготвени другите состојки. Исечете ја сланината на коцки и пржете на малку масло. Додадете ситно исечен кромид и пржете додека кромидот не омекне и не ја смени бојата. Оставете малку да се излади.

Реклама

Изрендајте компири, додајте сол и бибер, додадете исцедени тиквички и сланина со кромид. На страна измешајте јајца со кисела павлака и додадете малку сол.

Во плех со димензии 22 х 30 см истурете 4 лажици масло и ставете во загреана рерна на 200 степени да се загрее маслото добро, така што кога ќе ја ставите смесата со компири да слушнете крчкање. Во плехот наредете ја смесата од компири со тиквички и сланина и кромид, прелијте ги со јајцата измешани со павлака и посипете со рендано кашкавал. Печете на 200 степени околу 35-40 минути, во зависност од рерната.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -