Овој ручек се подготвува многу брзо а е многу вкусен и многу здрав. Празот иако се поврзува со студените денови, го има преку цела година и за него секогаш има место на трпезата.
Состојки:
- 2 страка праз
- 1 црвена пиперкa
- 1 зелена пиперкa
- сирење по желба
- црн бибер,
- буковец
- маслиново масло
Подготовка:
Подгответе го празот и пиперките, измијте ги и исецкајте, па ставете ги да се пржат на среден оган.
- Advertisement -
Кога се испржени, ставете ги ситно сецканите парчиња сирење, директно во тавата врз празот.
Сирењето ќе почне да се топи, измешајте го еднаш, нека се топи уште малку и кога ќе се направи коричка одоздола, при крај е, па можете да ги додадете зачините.
Сирењето не треба да е многу солено како би било подобро за јадење.
Сервирајте го топло додека сирењето е сеуште омекнато.
Пријатно со ова старинско јадење, вкусно, превкусно!