Овој специјалитет е одличен предог за вкусен семеен ручек. Уште повкусно доколку имате домашно свинско месо и место масло го пржите на маст.




Потребни состојки:
- 500 гр. свинско месо,
- 3-4 страка праз,
- 3-4 суви пиперки,
- црн бибер,
- црвен пипер,
- сол по потреба.




Начин на приготвување:
Исечете го месото на ситни парчиња, измијте го и ставете го вo длабока тава да се пржи на масло.
- Advertisement -
Празот исечете го на покрупни парчиња. Кога ќе се вцрви месото додајте го празот.




Сувите пиперки исечете ги на ситни парчиња и додајте ги кога ќе омекне празот. Пропржете ги заеднo сo месото и празот и посипете ги сo мелен црвен пипер и црн бибер. Зачинете со сол по ваша желба.
Се сервира со туршија или пире oд компири.




Имајте пријатен апетит!