Пица ПИТА: Интересен и несекојдневен рецепт кој ќе ве изненади со својот вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Пржена пита со пита, нешто на лик на пица бурекот но со уште поубави состојки. Мора да го пробате овој рецепт.

Состојки:

  • 3 кори за гибаница
  • 1 јајце
  • 2 лажици крем сирење
  • 2 лажици млеко или јогурт
  • малку сол
  • 5 – 6 листови шунка
  • 3 парчиња сирење
  • 3 лажици кечап
  • оригано
  • масло за пржење

Подготовка:

Во сад изматете го јајцето со жица, додајте крем сирење и сол по вкус и изматете уште малку за да се соедини јајцето. Додадете јогурт (или млеко) и промешајте. Исецкајте ја шунката на коцки.

Реклама

Земете една кора, премачкајте ја со сирење и јајца. Бидете внимателни да не ја натопите кората премногу и да ги одржувате краевите на кората суви. Истурете кечап и посипете со шунка исечкана на коцки и додадете оригано по вкус. Ставете го сирењето на средина на кората. Прво преклопете го левиот крај на кората кон средината, а потоа десно. Преклопете ги краевите што се слободни повторно за да не истекува филот, а потоа превртете ја питата за да добиете правоаголник.

Пржете ја питата од двете страни додека кората не порумени. Ставете ја пржената пита на хартиена крпа за да го впие вишокот масло.

Реклама

Послужете со јогурт или павлака.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -