Претседателско мени: Раскошно јадење од Титовиот готвач!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова јадење се служело на Титовата маса за премиерите, филмските ѕвезди и кралското семејство. Специјалитетот е преземен од книгата на Ана Друловиќ „Титовиот готвач“, во издание на „Лагуна“.

Состојки:

  • 800 гр јагнешки котлети
  • 200 мл масло
  • 80 гр путер
  • 100 гр кромид
  • 10 гр сол
  • 1 дцл бело вино
  • 30 мл слатка павлака
  • 2 чешниња лук

Подготовка:

Јагнешкото со дел од ребрата исечете го на 20 котлети. Се чукаат котлетите со чекан за месо и се отстрануваат жилите, се посолуваат со сол и бибер и се ставаат во сад, се додаваат листовите рузмарин, се се прелива со масло и се остава да отстои два часа. Потоа испечете ги котлетите на скара.

Реклама

За сосот од павлака загрејте го путерот, додадете го ситно исечканиот кромид и динстајте додека кромидот не почне да ја менува бојата. Посипете со бело вино, а кога виното ќе испари додадете слатка павлака.

Добро сварете го сосот и процедете го. По желба додадете две чешниња лук и бибер. На загреана чинија ставете малку сос, па котлетите и на крај украсете со кнедли од компири.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -