Преклопена пита со сирење и сланина: Вкус и мирис, чиста десетка!

Вреди да се проба:

Реклама

Преклопена пита со сирење и сланина , бара малку внимание за подготовка, но вкусот ќе го оправда целиот труд за ова јадење.

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 20 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 јајце
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка сол
  • 450 гр брашно

Фил:

  • 300 гр младо сирење
  • 70 гр павлака
  • 1 јајце
  • сол
  • маст или растителна маст
  • 150 гр сланина
  • сусам

Подготовка:

Ставете квасец, лажичка шеќер и брашно во топло млеко. Оставете 10 минути да нарасне квасецот. Во друг сад, комбинирајте ги јајцето, маслото и солта. Додадете млеко со квасец и месете го тестото со брашно. Оставете 30 минути да нарасне тестото.

Реклама

За фил, измешајте сирење, јајце,павлака и додадете сол по вкус. Сланината ситно исечкајте ја и испржете ја, а потоа ставете ја на салфетка да исцеди вишок маснотија.

Поделете го тестото на три дела. Расукајте го секое парче одделно во круг. Првиот дел премачкајте го со маст. Ставете го преку вториот круг и премачкајте го исто така. Подредете го и третиот круг. Посипете малку брашно и развлечете поголем круг.

Реклама

Подмачкајте ја тавата (28 см) и ставете го расуканото тесто така што вишокот да излегува преку работ. Истурете го филот и врз него сланината. Преклопете ги рабовите на тестото кон средината, преклопувајќи го вишокот, така што на средината ќе ви остане малку непокриен простор.

Премачкајте со стопена маст и посипете семе од сусам. Ставете го веднаш во загреана рерна на 210 степени, околу 25 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -