Предлог за ЗДРАВА и ВКУСНА закуска: Подгответе домашна паштета од печурки и кромид!

Вреди да се проба:

Реклама

Подготовката е едноставна и што е најважно, нема да ви треба многу време.

Ако сте уморни од класични паштети и намази, оваа домашна паштета е идеална за вас. Подготвена е за само три чекори, а за подготовка нема да ви требаат повеќе од десет минути. Може да го јадете како намаз или прилог за ручек.

Реклама

Состојки:

  • лук
  • глава од црвен кромид
  • 200 грама печурки
  • грст семки од сончоглед
  • грст ореви
  • лажичка маслиново масло
  • малку сол
  • бибер

Подготовка:

Со маслиново масло изблендирајте ги шампињоните и црвениот кромид додека не ја ослободат водата, а потоа оставете го зеленчукот малку да се исцеди.

Ставете го зеленчукот со другите состојки односно ореви и семки од сончоглед во блендерот и измешајте. Додадете зачини по вкус и оставете ја добиената паштета малку да се излади.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -