Празнична ПОГАЧА: Чекор по чекор инструкции!

Вреди да се проба:

Реклама

Доколку сакате да израдувате некого со прекрасен подарок во форма на торта, подгответе го на овој начин.

Состојки:

  • 800 гр брашно
  • 400 мл млако млеко
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици павлака
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 квасец
  • 1 јајце

Подготовка:

Во топло млеко ставете издробен квасец, лажичка шеќер, две лажици брашно. Промешајте и оставете го квасецот да се активира 5-10 минути. Додадете едно јајце, промешајте и додадете брашно.

Реклама

Замесете мазно тесто. Поделете на 11 топчиња и размесете односно направете кори од секое, не многу тенки кори. Ставете една кора во центарот на садот за печење. Потоа користете две кори за да исечете ленти. Наредете ги лентите на средина и направете испрекрстена форма.

Остатокот од корите завиткајте ги во ролна па како во помали полжавчиња и наредете ги во круг. Премачкајте со жолчка и декорирајте со семки по желба. Се пече на 200 степени 30-35 минути.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -