Солена торта која мами со својот изглед и освојува со својот вкус. Украсете ја вашата празнична трпеза со вкусна торта со пршута.




Состојки:
- 24 парчиња тост леб
- 150 гр мортадела со маслинки
- 1/2 кг крем сирење
- 1 модар патлиџан на скара
- 150 гр шунка
- 150 гр маслинов сос
- 5 кисели краставички
- свеж зачин копар
- 150 гр пршута
Подготовка:




Ставете шест парчиња леб на дното, премачкајте со сос од маслиново и ставете ја мортаделата.
- Advertisement -
Одозгора наредете парчиња леб, а врз нив тенко исечен модар патлиџан и кисели краставички.




На третиот ред со леб, намачкајте крем сирење, на кое сте додале ситно исецкан копар и над него распоредете ја исечената шунка.




Покријте се со друг слој тост леб и премачкајте се со преостанатото сирење. Филувајте како торта од сите страни.




Украсете ја тортата одозгора со пршута и копар.
На здравје!